ЈП „Градски паркинг“ – Скопје: Ажурирање на податоците по промена на старите со нови регистарските таблички

Физичките и правните лица кои ги користат услугите на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, по промена на старите со нови регистарските таблички, тоа да го пријават кај службите на претпријатието.

– ЈП „Градски паркинг“ – Скопје апелира до сите физички и правни лица, кои имаат склучено договор за користење на паркинг услуга на јавните паркиралишта, зони и катни гаражи со кои стопанисува претпријатието, дека по регистрацијата на своите возила, имајќи го предвид законското решение за промена на регистарските таблички, таа промена веднаш да ја пријават кај службите во канцелариите за односи со корисници во Центар, Аеродром, или Илинден, со цел да се внесат новите податоци во системот на претпријатието, соопштуваат од јавното претпријатие.

Оттаму посочуваат дека ажурирањето на податоците се врши со пополнување на образецот „Пријава-одјава“, при што се доставува и сообраќајната од возилото на увид, а со самото ажурирање на податоците новата регистарска табличка на сопствениците ќе биде внесена во системот за зонско паркирање и системот за затворени паркиралишта соодветно, со што ќе се избегне непотребна санкција од страна на контролните служби при паркирање.