Љубовта меѓу нив цвета и по 25 години брак: Тој е „мирното засолниште“ на Ангела Меркел

Германската канцеларка на таа функција беше 16 години, а нејзиниот приватен живот успеа да го држи подалеку од очите на јавноста. Нејзиниот сопруг Јоаким Зауер најмногу го избегнува центарот на вниманието, а категорично одбива да разговара со медиумите.

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел оваа недела ја доби највисоката државна награда на Германија Големиот крст за заслуги, а на церемонијата дојде со својот сопруг Јоаким Зауер.

Зауер е пензиониран хемичар кој има освоено неколку награди. Тој се сретна со поранешниот шеф на владата во 1980 година во Академијата на науките во Берлин. Тие се венчаа во 1998 година, а тоа е втор брак за двајцата. Никој не знаеше дека се во брак.

Зауер има два сина од првиот брак. Меркел го запознала својот прв сопруг Улрих Меркел додека студирала физика на Универзитетот Карл Маркс во Лајпциг, а се венчале кога таа имала 23 години. Тие беа во брак пет години, а таа денес го носи неговото презиме, што не му пречи на нејзиниот сегашен сопруг Јоаким Зауер.