Њукасл го купи Гордон од Евертон за 40+5 милиони фунти

 Њукасл јунајтед објави за потписот со играчот за врска Ентони Гордон од Евертон.

Според инсајдерот Фабрицио Романо, трансферот ги чинел „Страчките“ 40 милиони фунти, уште пет милиони се обезбедени во форма на бонуси.

Дваесет и едногодишниот Англичанец оваа сезона забележа 16 настапи во Премиер лигата и постигна 3 гола.

Њукасл е трет на табелата во англиската Премиер лига со 39 бодови од 20 одиграни натпревари.