Њукасл е заинтересиран за Рафиња

 – Фудбалерот на Барселона, Рафиња ова лето би можел да се врати во Премиер лигата. Според „Diario Sport“, Бразилецот е една од главните трансфер цели на Њукасл. 

Шансите за преселба се засилија поради променливата сезона на Рафиња и непостојана минутажа.

Дваесет и шестгодишниот фудбалер, кој пред половина година дојде во Барса од Лидс, го загуби местото во почетниот состав откако Чави ја смени формацијата со четворица играчи од средниот ред. 

Само повредата на Усман Дембеле му овозможи на Рафиња да се врати во стартните 11 во последните натпревари. 

Рафиња оваа сезона во сите натпреварувања за Барселона на 34 натпревари постигнато седум голови и девет асистенции.