“ЌЕ ВЕ УБИЈАМ…“ – Албанец уапсен во Њујорк поради тероризам: На социјалните мрежи објавувал застрашувачки пораки со смртоносни закани кон градоначалникот на градот

Ридон Кола, обвинет за упатени низа закани пред денешната парада по повод „Денот на Свети Патрик“ во Њујорк, САД, се соочува со многу федерални обвиненија. Тој е обвинет дека се заканувал дека ќе ги убие полицајците и градоначалникот за време на парадата.

Тоа обично сакаат да го прават терористите. Тие сакаат да ви го тероризираат умот, да ги тероризираат вашите мисли и да ве исплашат“, изјави градоначалникот Мајк Спано, објави телевизијата CBS.

Истрагата откри и вознемирувачки закани на социјалните мрежи.

Кола, кој има албанско потекло, наводно изразил поддршка за радикалниот исламски екстремизам – ИСИС.

ФБИ соопшти дека тој испратил порака директно до полицијата овој месец, во која напишал: „Ќе ги пресретнам полицајците и нивните претпоставени по улицата Меклин. Тоа ќе биде ужасна сцена… Алаг Акбар“.

32-годишникот живеел во близина на патеката каде се одржува парадата и претходно бил испрашуван од органите на правдата. Овој пат, членовите на Заедничката оперативна група за тероризам ФБИ-НИПД го пресретнале и уапсиле Кола.

Тој се соочил со судијата во федералниот суд во петокот. Американските власти кажаа дека токму овој месец Кола го пофалил Саифул Саипов, нарекувајќи го негов брат.

Саипов отслужува доживотна затворска казна за возење на камион и убиство на осум лица и повреда на 15 во терористички напад на велосипедска патека на Менхетен на „Ноќта на вештерките“ во 2017 година.