Џереми Ренер закрепнува успешно по несреќата

 Американскиот глумец Џереми Ренер, кој се здоби со тешки повреди на скијање во пресрет на Новата година, наспроти лошите предвидувања, заздравува успешно.

Ренер (52) објави видео на својот интернет-простор, каде што се гледа како се движи на „антигравитациска лента“, високотехнолошката опрема што ја користи за физикална терапија.

Ѕвездата од серијалот шпионски филмови „Борн“ и „Одмаздниците“ на „Марвел“, се повредил при скијање во Невада (САД) додека се обидувал да го спаси својот внук од снежна бура. Глумецот притоа бил згмечен од ратрак за снег, што му скршил над 30 коски во телото. Поради тоа, долго време беше во критична состојба на интензивна нега.

Според западните медиуми, меѓу десетиците повреди во телото, можеби најопасни биле оние кај градниот кош.