Џеј Лено го покажа „новото лице“ по изгорениците од трет степен (ФОТО)

 Американскиот водител и комичар Џеј Лено го покажа своето „ново лице“ три месеци по пожарот во емисијата „Гаража“. Тој, имено, во ноември се здоби со изгореници од трет степен кога лицето, вратот, увото, горниот дел од телото и делови од рацете, по што следеле неколку операции и забрзано заздравување.

– Ова е сосема ново лице. Ново е. Неверојатно е!, изјави Лено (72) во „Шоуто на Кели Кларксон“.

Меѓу шегите за неговите повреди, тој ја прераскажа случката со неговиот „Вајт стим“ автомобил од 1907 година во неговата гаража од 140.000 квадратни метри во Бурбанк, Калифорнија, САД. Токму тогаш, додека се обидувал да ја затне цевката за гориво, плин му прснал в лице, па се запалил преку сијаличката на автомобилот.

– Само вторпат во мојата кариера сум „новото лице на комедијата“, се пошегува тој.

Меѓу другото, увото на Лено било подложено на неколку операции. Тој продолжил да биде водител на настан за собирање пари за болницата, за помош на децата што се лекуваат таму, како и подарок за медицинскиот персонал што се грижел за него – патување на Бахамите како благодарност.

По несреќата, Лено се враќа на работа со емисијата „Обложи се во својот живот“ (You Bet Your Life), со целосен распоред. Емисијата „Гаража“, по седум сезони, засега е завршена.