Џошуа Кушнер стана побогат од Доналд Трамп

Американецот Џошуа Кушнер (37), чиј брат Џаред е оженет со ќерката на Доналд Трамп, стана побогат од поранешниот американски претседател.

Џошуа Кушнер е побогат од Трамп, откако милијардерите Хенри Кравис, Мукеш Амбани и Хорхе Пауло Леман инвестираа во неговата компанија „Thrive Capital“, со што неговото богатство го зголемија на 3,7 милијарди.

Кушнер изгради богатство од милиони долари откако некои од најбогатите луѓе во светот почнаа да инвестираат во неговата инвестициска фирма, информира Блумберг.