15 загинати во израелски напад врз Дамаск – Погодени се и станбени згради

Петнаесет се жртвите на израелскиот напад врз Дамаск , во кој беше погодена станбена зграда, лоцирана во област на главниот град со зголемени безбедносни мерки, во која има и ирански културен центар и во кој се наоѓа седиштето на голем број безбедносни службите се лоцирани, пренесе Франс прес.

Воздушниот напад е извршен врз квартот Кафр Суса, каде се наоѓа седиштето на сириското разузнавање и сириската безбедносна служба. Во соседството живеат и високи претставници.

„ Во 0.22 часот, израелскиот непријател изврши воздушен напад од окупираната Голанска Висорамнина, гаѓајќи неколку области на Дамаск и неговата околина, вклучително и станбени згради “, се вели во соопштението на сириското Министерство за одбрана.

Снимката објавена од државната новинска агенција Сана покажува речиси целосно уништен станбен блок.

Според Сириската опсерваторија за човекови права, имало 15 жртви, меѓу кои и цивили. Ударот погодил станбена зграда која била блиску до иранскиот културен центар, а цел на нападот биле места каде што имало припадници на иранските милиции и либанското движење Хезболах, додаваат од невладината организација.

Ова е досега најкрвавиот израелски воздушен напад врз Дамаск , изјави Рами Абдел Рахман, раководител на Сирискиот центар.

Според агенцијата Сана, неколку згради биле целосно уништени.

Министерството за одбрана претходно објави 5 мртви и 15 ранети, од кои некои се во критична состојба, и соопшти дека меѓу загинатите има и еден војник.

Од почетокот на војната во Сирија во 2011 година, Израел изврши стотици воздушни напади во таа земја, главно насочени кон позициите на сириската армија , иранските сили и Хезболах, кои се сојузници на сирискиот режим.