17-годишната принцеза на Шпанија е испратена на исцрпувачка воена обука: “Таа ќе биде новиот врховен командант на вооружените сили на Шпанија!“

Престолонаследничката на Шпанија, принцезата Леонор, ќе започне тригодишна воена обука оваа година како подготовка за нејзината идна улога како прв човек на државата. 

Како постара ќерка на кралот Филип VI, 17-годишната девојка е прва во редот на наследството и ќе стане врховен командант на вооружените сили кога нејзиниот татко ќе си замине од таа позиција или ќе умре, пишува CNN.

На состанокот на кабинетот одржан денеска, го одобривме кралскиот указ чија цел е да се структурира воената обука и кариерата на принцезата Леонор“, потврди шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес на прес-конференција во средата.

Воената обука на Леонора ќе трае три години бидејќи првата година мора да ја помине во шпанската армија, втората во морнарицата и третата со воздухопловните сили на нивните академии. Нејзиниот татко ја поминал истата процедура пред да стане крал.

Ова покажува дека ќе имаме жена врховен командант, а во последните години вложивме големи напори да ги вклучиме жените во вооружените сили“, додаде Роблс.

Обуката ќе започне во август или септември, откако Леонор ќе ги заврши студиите на UWC Atlantic College во Велс. Во истото училиште учеле бројни членови на кралски семејства, меѓу кои и холандскиот крал Вилем-Александар и неговата ќерка принцезата Алексија.

Тренингот е важен чекор во животот на Нејзиното кралско височество кон раководството на нашата земја“, потенцираше Роблс.

Кога ќе ја заврши својата воена обука, Леонор ќе има чин за залагач во морнарицата и поручник во командата на армијата и воздухопловната единица, по што ќе може да влезе на колеџ.

Во последниве години, шпанската монархија се соочи со силен притисок додека кралот Филип се обидуваше да се дистанцира од својот татко, поранешниот крал Хуан КарлосХуан Карлос абдицирал во корист на својот син во јуни 2014 година поради финансискиот скандал и критиките за патувањето за лов на слонови во Боцвана за време на финансиската криза во Шпанија во 2012 година.

Хуан Карлос ја напушти земјата во август 2020 година кога неговите финансиски зделки беа доведени во прашање. Шпанското обвинителство минатата година ја затвори истрагата против него и не подигна обвинение.