Вие имате прво да ја знаете вистината

Дојде живот: Талибанец се врзал за американски хеликоптер и сакал како човек птица да го мафта новото знаме. Урнебесно видео

Вчера на социјалните мрежи и во медиумите се рашири видеото на кое се гледа американски хеликоптер со човек што виси од него.

Првично, не беше целосно јасно од снимката што се прошири дали човекот бил врзан со јаже или обесен, и дали е жив или мртов.

Многу противници на американскиот претседател Џо Бајден, вклучително и американскиот републикански сенатор Тед Круз, на социјалните мрежи тврдеа дека Талибанците користеле американски хеликоптер за да го обесат човекот.

Но, се покажа дека тоа не е вистина.

Имено, се покажа дека снимката е вистинска , но на неа не се гледа лице кое е обесено и закачено на хеликоптер. Фотографиите објавени подоцна покажуваат лице што виси од хеликоптер и мавта кон луѓето собрани на земја, што јасно докажува дека лицето е живо.

Билал Сарвари, независен авганистански новинар, објави на Твитер дека снимката покажува хеликоптер управуван од пилот обучен од САД и Обединетите Арапски Емирати, со талибански војник со талибанско знаме кој е закачен и виси од хеликоптерот.

Американската страница за проверка на факти Сноупс извади неколку слики од подолгото видео кои исто така докажуваат дека лицето не било обесено, туку им мавтало на луѓето собрани на земјата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!