Вие имате прво да ја знаете вистината

СЗО предвидува стотина илјади мртви во Европа до почетокот на зимата: Црни прогнози по порастот на бројот на заразени на Балканот

Светската здравствена организација очекува дека ќе има 236.000 смртни случаи поврзани со ковид-19 во Европа, во периодот од крајот на август до 1 декември, рече регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, на прес-конференција во понеделникот во Копенхаген.

Бројот на смртни случаи на ковид-19 се зголеми за 11 проценти само минатата недела, рече Клуге.

Црното предвидување доаѓа од Институтот за здравствена метрика и проценка на Универзитетот во Сиетл.

Зголемувањето на бројот на случаи беше предизвикано од многу заразната варијанта делта, ублажувањето на многу мерки за јавно здравје во бројни земји и значително зголемување на бројот на патувања во текот на летото.

Има нагло зголемување на бројот на нови инфекции, особено на Балканот, Кавказ и Централна Азија, додаде Клуге.

Според дефиницијата на СЗО, европскиот регион се состои од 53 земји во Европа, Кавказот и Централна Азија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!