Поранешниот советник на Хашим Тачи, Адиj Бехрамај, остро ја критикуваше владата на Курти поради огромниот број нови случаи на коронавирус.
Бехрамај напиша на Фејсбук дека Косово е најлошо во Европа во однос на моменталната епидемиолошка состојба.
Владата на Курти не направи европски Вухан. Косово е најголемиот извозник на коронавирус во Европа, напиша Бехрамај.
Според официјалниот извештај, од 1 септември 2021 година, од 1.220 хоспитализирани пациенти, кај 1.116 било потврдено дека се заразени со ковид, 1.051 се на кислородна терапија, а 59 пациенти се во сериозна состојба на интензивна нега, пренесуваат Репортери.

Болничката, клиничката и универзитетската служба на Косово објави дека 1.220 пациенти со коронавирус се лекуваат во клиниките за ковид во Универзитетскиот клинички центар на Косово и во регионалните болници.
Само во август, 238 лица починаа од коронавирус во Косово, додека вчера беа регистрирани 1.383 нови случаи.