Вие имате прво да ја знаете вистината

Титовата провокација среде Белата куќа. Запали томпус, а кога му рекоа дека пушењето е забрането добија шокантен одговор (видео)

Претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито, беше познат по своите раскошни патувања со кои ја обиколи целата планета и гостуваше кај некои од највлијателните луѓе во светот во тоа време. Во 1971 година, тој пристигна во Соединетите држави како личен гостин на Ричард Никсон, тогашниот претседател на Америка.

Тоа беше можност Тито да ја возврати посетата, бидејќи десетина месеци пред тоа, Никсон беше во посета на СФР Југославија. Броз беше пречекан со најголемите почести предвидени за странски државник, а снимките на кои тој и Јованка срдечно разговараат со Никсон и неговата сопруга го обиколија светот.

Меѓутоа, зад оваа посета се криеше една анегдота која, по враќањето на Тито во Југославија, честопати се прераскажуваше.

Имено, за време на средбата со Никсон, во собата полна со новинари и фоторепортери, Тито запали томпус!

Овој потег беше провокативен од најмалку две причини. Прво, пушењето е строго забрането во Белата куќа од 1946 година. Второ, состанокот се одржа во екот на нетолеранцијата меѓу Америка и Куба, а Тито лично беше снабдуван со томпуси од водачот на Куба, Фидел Кастро. Никсон мораше да реагира.

Господине претседателе, ние не пушиме овде во Белата куќа, му рече американскиот претседател на Тито.

Браво за вас, одговори лидерот на Југославија насмевнувајќи се и продолжи да го пуши својот томпус.

По непријатната тишина која траеше само неколку моменти, Никсон не ја спомена оваа забрана до крајот на состанокот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!