Вучиќ го глумеше Стево Карапанџа и во Словенија правеше вечера за Заев и Еди Рама. Еве го менито на Вучиќ
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, организираше вечера за премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, во ресторанот Земоно на почесниот конзул на Србија во Словенија, Томаж Кавчиќ.
По тој повод, Вучиќ на својот Инстаграм профил објави фотографија од Словенија, каде одлучи да подготви посебен специјалитет, мангулица во леб.
Ова до мене е Томаж Кавчиќ, почесен конзул на Србија во Словенија. Се наоѓаме во неговиот ресторан Земоно, сигурно едно од најдобрите места во регионот. Бидејќи јас сум организатор на вечерата и домаќин на Зоран Заев и Еди Рама овде во Земоно, со помош на Томаж морам се добро да подготвам, а оваа мангулика во леб е посебен специјалитет. Благодарност до Томи и Словенија за гостопримството, напиша српскиот претседател под објавата.
Инаку, Вучиќ, Рама и Заев се учесници на Бледскиот форум кој се одржува традиционално во Словенија.