Вие имате прво да ја знаете вистината

Деца во Индија умираат од мистериозен вирус. Лекарите тврдат дека не е мутирана делта корона, но паниката е голема

Веќе една недела, децата во некои делови на Утар Прадеш се будат со висока температура проследено со силно потење.

Многу од нив се жалат на болки во зглобовите, главоболки, дехидрација и гадење. Во некои случаи, пријавен е осип што се проширил на рацете и нозете.

Најмалку 50 луѓе, претежно деца, починаа од треска, а стотици беа примени во болница во шест области во источниот дел на Утар Прадеш. Сите беа тестирани за ковид-19, но ниту еден не беше позитивен.

Лекарите од неколку погодени области веруваат дека главната причина за смртта е треската денга, вирусна инфекција која се шири со каснување од комарци, наведува Би -Би -Си.

Според информациите од Индија, кај многу хоспитализирани пациенти биле измерени ниски вредности на тромбоцити, крвни клетки кои помагаат во згрутчување на крвта, што е карактеристично за потешка форма на денга треската.

Пациентите, особено децата, умираат многу брзо во болниците, рече д -р Неета Кулшрешта, шеф на здравствениот систем во областа Фирозабад, каде минатата недела починаа 40 лица, од кои 32 деца, изјави таа за Би -Би -Си.

Денга треската е тропска болест која ја пренесуваат женките комарци и циркулира во Индија стотици години. Повеќе од 70 отсто од случаите на денга се регистрирани во Азија.

Постојат четири вируси на денга, а смртта од инфекција е пет пати поголема кај децата отколку кај возрасните.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!