Вие имате прво да ја знаете вистината

Беа во автомобилот девет часа, голема тага во Америка. Близнаци најдени мртви на паркингот пред градинката, имаа само 20 месеци

Две дваесетмесечни момчиња близнаци, во средата беа пронајдени мртви во автомобил на паркинг во градинка во Јужна Каролина. Властите веруваат дека тие поминале повеќе од девет часа во загреаниот автомобил.

Еден од родителите ги нашол бебињата, на задните седишта, непосредно по пристигнувањето во градинката, околу 17:40 часот. Се чини дека малите Брајсон и Брејден МекДаниел биле во возилото од утрото и најверојатно починале од изложеност на прекумерна топлина, изјави на прес -конференција вештакот Надија Рутенфорд, пренесува АП .

Момчињата инаку изгледаа добро згрижени и беа запишани во градинка, рече Рутерфорд.

Родителите се вознемирени, додаде таа.

Истрагата е во тек и властите не соопштуваат други детали.

Температурата во Колумбија во средата надминуваше 27 степени целзиусови.

Погребалното претпријатие не ги именуваше родителите, велејќи дека не сака да ги криминализира доколку се утврди дека се работи за несреќен случај.

Не можеме да зборуваме за тоа како и зошто децата биле оставени во возилото толку долго. Ако се покаже дека е несреќа, на семејството треба да му се даде мир. Но, ако тоа беше злосторство, ќе сториме се за да биде спроведена правда за момчињата, рече Рутенфорд.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!