Вие имате прво да ја знаете вистината

Го немаме видено Путин во вакво светло: На ученикот му беше непријатно што мора да го корегира рускиот претседател (видео)

Критичарите на Кремљ го поздравија ученикот, кој го поправи рускиот претседател Владимир Путин, кој презентираше погрешен факт пред децата на часот по историја, на првиот ден во новата школска година во Русија.

Петар Велики (1675-1725) не се бореше во Седумгодишната војна, туку во Големата северна војна, која траеше 21 година, му рекло момчето на Путин.

Рускиот лидер му се заблагодари на момчето, но директорот на училиштето го предупреди ученикот поради „одредена дрскост“, пренесуваат медиумите.

Медиумите кои го критикуваат Кремљ и опозициските политичари ја пофалија одлучноста и знаењето на ученикот.

Кира Јармуш, портпаролка на затворениот дисидент Алексеј Навални, ја критикуваше директорката, која, според неа, смета дека училиштето не треба да ги учи да користат факти, туку на „послушност и сервилност“.

Овој настан, на првиот училишен ден по летните одмори во Русија, имаше голем одек во земјата и го наведе портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, да се огласи.

Не беше дрско. Воопшто не се согласуваме со директорот на училиштето, рече тој, додавајќи дека “се надева дека ученикот подоцна нема да биде казнет”.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!