Вие имате прво да ја знаете вистината

Епидемиолозите се скептични: Ни 70 проценти нема да бидат доволни!?Дали делта сојот го убива сонот за колективен имунитет!?

И додека делта се шири низ целиот свет, експертите се прашуваат дали желбата да се создаде имунитет на стадото со вакцината е се уште остварлива. Имунитетот на стадото се постигнува во време кога одреден дел од населението е вакцинирано против патогени микроорганизми или ја има прележано инфекцијата.

Дали е ова можно да се постигне кога станува збор за Ковид 19 поради постојаната појава на се позаразни варијанти, е отворено прашање.

Ако прашањето е дали ќе ја контролираме пандемијата само со вакцината, одговорот е негативен, вели францускиот епидемиолог Мирчеа Софонеа, професор на Универзитетот во Монпелје.

Тој вели дека колективниот имунитет зависи од два фундаментални фактори.

Тоа се заразноста на вирусот и ефекасноста на вакцините за заштита од инфекција. Во моментов, нема таква ефикасност, објаснува Софонеа.

Делта е приближно 60 проценти позаразна од алфа -варијантата и двојно позаразна од оригиналната верзија што се појави на крајот на 2019 година.

Колку е поефикасен вирусот во ширењето на инфекцијата, толку е поголем прагот за имунитет на стадото.

Теоретски, тоа е многу едноставна математика, вели епидемиологот Антуан Флао, директор на Францускиот институт за јавно здравје.

Оригиналната варијанта на коронавирусот имаше стапка на репродукција помеѓу нула и три, што значи дека едно заразено лице може да зарази до три други. Ако останеше така, имунитетот на стадото ќе се реализираше по вакцинирањето на 66 отсто од луѓето, вели Флао.

Но, ако стапката на репродукција е осум, како што е делта, што не приближува до бројката од 90 проценти. Сето погоре е валидно под услов вакцините да бидат сто проценти успешни во запирање на делта, а знаеме дека, за жал, тие не се, објасни тој.

Според американските научници, ефективноста на вакцините Пфајзер и Модерна во спречувањето на инфекцијата е намалена од 91 на 66 проценти откако делтата стана доминантна варијанта.

И, бидејќи студиите покажаа дека имунитетот стекнат од самата вакцина се намалува со текот на времето, неколку земји веќе започнаа со имунизација со третата доза, таканаречениот засилувач или бустер.

Земајќи го сето тоа предвид, Софонеа вели дека 100 проценти од луѓето треба да бидат имунизирани за да го запрат преносот на вирусот, што е невозможно од очигледни причини.

Делта, исто така, може да зарази вакцинирани луѓе, што значи дека секој што не е вакциниран ќе се сретне со вирусот во одреден момент, објаснува тој.

Меѓутоа, дури и ако таа митска цел за колективен имунитет повеќе не е во игра, експертите посочуваат дека вакцинацијата е најважна. Вакцината несомнено обезбедува одлична заштита од сериозни болести.

Научниците препорачуваат да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе, истакнува Флао, додавајќи дека со текот на времето, сите пандемии ќе завршат.

Софонеа вели дека сеуште е можно ковид да стане уште една ендемска болест.

Тој предвидува дека и понатаму ќе треба да се носат маски и да се одржува физичко растојание.

За време на пандемијата на СИДА, кога научниците рекоа носете кондоми, многумина рекоа, во ред ќе ги носиме некое време, потсетува Флао.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!