Вие имате прво да ја знаете вистината

Путин ќе го брани Сибир по секоја цена: Само што потпиша указ за изградба на нов град на далечниот исток, го нарече Спутник

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша договор за изградба на нов град Спутник, објави Министерството за развој на Далечниот Исток.

Путин го потпиша планот за време на економскиот форум во Владивосток, град на крајниот исток од земјата.

Спутник треба да биде оддалечен околу 30 километри од Владивосток, што е повеќе од 1.000 километри од Кина.

Плановите предвидуваат дека ќе стане индустриски центар во кој еден ден ќе живеат 300 илјади луѓе, пишува Јутарњи лист.

Спутник, што од руски се преведува како „сопатник“, е името на првиот вештачки сателит за земјата, лансиран од Советскиот Сојуз во 1957 година, што предизвика загриженост во Соединетите држави, кои беа во вселенска трка со СССР како дел од студената војна.

Минатото лето, Русија стана првата земја што направи вакцина против коронавирусот и ја нарече Спутник 5 како дел од таа победа во вселенската трка.

Вакцината досега е одобрена во 70 земји.

Пред да потпише договор за изградба на нов град, министерот за одбрана Сергеј Шојгу се залагаше за изградба на неколку нови градови во источен Сибир, за да се направи оддалечениот регион попривлечен за руските жители.

Се повеќе Руси се селат во Москва, која има подобра инфраструктура од кој било друг град во земјата и повеќе можности за вработување.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!