Вие имате прво да ја знаете вистината

Русин во Самара го уби својот пријател. виде снимка на која тој ја силува неговата мала ќерка (фото)

Руската јавност смета дека на таткото кој убил педофил кој ја силувал неговата осумгодишна ќерка не треба да му се суди за убиство.

Според полицијата, педофилот Олег Свиридов (32)чувал снимки во својот мобилен телефон, на кои се гледа како злоставува неколку деца во селото Винтаи во рускиот регион Самара.

Работникот во фабрика за ракетни мотори, Вјачеслав М. (34), се напил пијалок со Свиридов, кога видел снимка на неговиот мобилен телефон на која се гледа како ја силува неговата ќерка, која сега има девет години.

Го нападнал Свиридов, кој набргу избегал. Педофилот бил близок пријател на семејството на Вјачеслав и во неколку наврати го чувал малото девојче, притоа сексуално злоупотребувајќи ја.

Вјачеслав ги пријавил силувањата во локалната полиција, која започнала потрага по Свиридов, но бесниот татко успеал да го најде пред полицијата и го избодел со нож. Таткото и рекол на полицијата дека се скарал со Свиридов во шумата и дека тој „налетал на ножот“ за време на расправијата. Тој рече дека немал намера да го убие.

Телото на педофилот, во четвртокот, беше пронајдено во близина на селото, повеќе од една недела откако Вјачеслав ги виде снимки на неговиот мобилен телефон. Полицијата го уапси таткото и започна истрага за целиот случај, пишува Daily Mail .

Извори од полицијата наведуваат дека мобилниот телефон на убиениот педофил содржи и снимки од насилни силувања на други селски девојчиња на возраст од шест до 11 години.


Жителите на селото Винтаи, како и други руски државјани, бараат да не му се суди на Вјачеслав за убиство. Тој не е убиец, тој ја штитеше својата ќерка и нашите деца. Секој е на негова страна, рекол еден локален жител.

Познатата руска ТВ новинарка и поранешна претседателска кандидатка Ксенија Собчак, исто така, се залагаше за несреќниот татко. Сите родители ќе го поддржат убиецот на педофилот, рече таа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!