Вие имате прво да ја знаете вистината

Актерката боледува од рак: Се збогува со најблиските, им пишува писма кои ќе ги добијат кога ќе ја нема, полека заминува…

Актерката Шанен Доерти, која пошироката јавност најмногу ја памети по серијата Беверли Хилс, 90210, на почетокот на минатата година на јавноста и соопшти дека и се врати ракот на дојката и дека во моментот болеста се наоѓа во четвртата фаза.

Шанен редовно и понатаму е активна на социјалните мрежи и споделува објави за нејзината состојба. Сепак, таа веќе некое време не сака да дава информации за нејзината здравствена состојба, а една објава особено ги вознемири следбениците.

Дали некогаш сте почувствувале дека имате толку многу да кажете, а знаете дека нема да можете, напиша актерката.

https://www.instagram.com/p/CTBl99hLNIa/

Остани силна, Те сакаме, Само продолжи, од ден на ден, напишаа нејзините следбеници кои беа загрижени за објавата на актерката.

Да ве потсетиме, Шанен веќе отворено зборуваше за борбата против оваа болест. Од 2017 година, нејзиниот рак е во фаза на ремисија, откако беше подложена на операција и долгорочна хемотерапија.

Се обидувам да ги ценам малите моменти во животот што многу луѓе не ги гледаат или ги земаат здраво за готово, рече Доерти на прашањето како се чувствува со тешката дијагноза.

https://www.instagram.com/p/CSPQsHhlYib/

Малите работи се големи за мене. Ние во себе имаме еден извор и наше е да копаме длабоко за да најдеме сила да се соочиме со лошите страни на животот.

Таа рече дека откако дознала дека болеста напредува, почнала да ја преиспитува својата карма.

Размислував дали имам добра или лоша карма, почнав да пишувам листа на лоши работи што ги правев во мојот живот и како се однесувам со луѓето, призна таа.

Таа, исто така, откри дека веќе има планови да пишува писма и да снима видео пораки до саканите што ќе им бидат оставени по нејзината смрт.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!