Вие имате прво да ја знаете вистината

“Човекот” на Црвенковски ќе трча на изборите во Скопје. На кого ќе му помогне БЦ: На Заев или на Мицкоски!?

Познатиот музичар Бени Шаќири ќе биде кандидат на партиите или коалицијата, Одлучно за промени на изборите за градоначалник на Скопје. Советничката листа на оваа коалиција ќе ја предводи поранешниот директор на Фондот за здравство и професор по микро биологија, Никола Пановски.

Коалицијата Одлучно за промени е составена од две партии, партијата ЛДП, предводена од министерот Горан Милевски и партијата ДОМ предводена од пратеничката на владеачкото мнозинство, Маја Морачанин. Тие од поодамна најавија дека ќе одат самостојно на локалните избори, а имаа преговори за заеднички настап и со партијата на Павле Трајанов.

Изненади по малку изборот за Бени Шаќири, не како личност, туку како политичко решение. Без дилема дека Шаќири ќе даде нова боја на локалните избори, иако досега никогаш не се бавел активно со политика.

За него многу малку се слушаше по оној турбулентен обид да стане директор на Младинскиот културен центар во Скопје. Но, секогаш важеше за близок или за симпатизер на СДСМ, и близок пријател на Бранко Црвенковски и поранешниот градоначалник на Центар и екс лидер на ЛДП, Андреј Жерновски.

Бени Шаќири имаше одличен концерт со познатиот музичар, а сега културен аташе на Македонија во Тирана, Златко Ориѓански, а учествуваа и на некои митинзи на СДСМ каде пееја заедно со Зоран Заев.

Дури на интернет се уште можат да се најдат фотографии од онаа седенка во кафеана на Бранко Црвенковски, Андреј Жерновски, сестрата на Бени Шаќири-Нора Шаќири, која е сега в.д. директорка на Театарот Комедија, а на таа средба, наводно, Црвенковски го убедувал Жерновски да прифати да биде лидер на опозицијата, по заминувањето на Црвенковски во пензија, а по победата на Жерновски на локалните избори во Центар во 2013 година.

Затоа, со право, Бени Шаќири секогаш се доживувал како човек на БЦ. Затоа сега ќе биде интересно да се види дали со Бени Шаќири, Црвенковски ќе му помага на Заев или на Мицкоски!?

На прв поглед се добива впечаток дека со гласовите на Шаќири ќе и се прави штета на СДСМ, но со малку потемелна политичка анализа се добива впечаток дека е сосема поинаку. Дека постојат многу незадоволни симпатизери или гласачи на СДСМ, членови на шарената револиуциуја и слично, кои се незадоволни од СДСМ а не сакаат баш да грасаат за Мицкоски. Тие гласови Бени Шаќири ќе треба да направи да завршат на неговото конто, а не на контото на ВМРО ДПМНЕ.

Изборите ќе покажат што од сето ова било вистина.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!