Вие имате прво да ја знаете вистината

Поранешен експерт на СЗО, точно се знае кога ќе заврши пандемијата. Само треба да се исполнат некои услови, за да биде корона чао

На пролет, ситуацијата со коронавирусот ќе се смири, а до летото пандемијата ќе помине, пишува германскиот виролог Клаус Штор за Дојче веле, но, под еден услов – масовна имунизација.

Иднината воопшто не изгледа толку мрачна – може да се очекува вистинско смирување на ситуацијата од пролет па натаму. Пандемијата ќе помине, изјави за Минхен Меркур, епидемиологот Клаус Штор, долгогодишен експерт на СЗО. И покрај некои инфекции, се ќе биде нормално во текот на летото, убеден е експертот.

Пред тоа, сепак, ќе има жестока зима во Германија, предвидува Штор. Бројот на нови инфекции кај младите луѓе ќе се зголеми, но тоа не е вистинскиот проблем, Според него, главниот проблем лежи во фактот дека се уште е голем број неимунизирани на возраст над 60 години, а тие се уште се целосно ранливи на вирусот. Ова може да доведе до драматично зголемување на тешките случаи во текот на зимата и потребата за болничко лекување. Затоа, мора да се преземат мерки и да се направат напори за унапредување на имунизацијата.

Според институтот Роберт Кох, 60,3 проценти од Германците се целосно имунизирани, а на 65 проценти им се даде првата доза. Но, како што посочуваат експертите, потребна е квота од 85 проценти за да се постигне групен имунитет. Во исто време, постојат експерти кои велат дека постигнувањето групен имунитет нема да биде возможно, вклучително и поради фактот дека имунизираните луѓе исто така добиваат ковид-19 и можат да ја шират инфекцијата.

Клаус Штор ги идентификуваше вакцинациите како главна алатка во борбата против коронавирусот. Веќе е познато дека дури и да се заразат, имунизираните ја поминат болеста многу полесно, многу мал дел од нив имаат потреба од болничко лекување и умираат, посочува експертот. Затоа, неговата препорака е да се интензивира процесот на имунизација, како и да започне со примена на трета доза на есен. Веројатно во овие околности неговите предвидувања ќе се остварат и пандемијата ќе помине.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!