Вие имате прво да ја знаете вистината

Талибаните објавија: Еве ги новите правила за студентките, мора да ги почитуваат, во спротивно се знае што ги чека (фото)

Авганистанските студентки ќе треба да носат црни абаје (фустани) со никаб што ги покрива нивните лица и ќе посетуваат настава во училници наменети само за девојчиња.

Се во согласност со одредбата издадена од новиот режим на Талибанците пред повторно отворање на приватните универзитети во земјата.

Студентките кои посетуваат приватни колеџи ќе мора да ги напуштат училниците пет минути пред нивните колеги мажи и да причекаат во чекалниците додека тие не ги напуштат училниците, се прецизира во указот објавен од Министерството за високо образование во саботата.

Факултетите ќе треба да „најдат професорки за да ги учат студентките“ или ќе треба да ангажираат „постари професори мажи“ чии морални принципи се тестирани, според прописите.

Кога Талибанците првпат дојдоа на власт, помеѓу 1996 и 2001 година, скоро на сите девојки им беше забрането да учат. Беше задолжително да се носи бурка, која целосно ја покриваше главата, лицето и телото, а очите на жената беа покриени со мрежа.

Абаја, која сега ќе треба да ја носат студентки на приватни факултети, е широк и долг фустан што го покрива телото.

Никаб го покрива лицето и ги остава очите откриени.

Луѓето од Авганистан, како и меѓународната заедница, се уште живо се сеќаваат на бруталноста на исламистичкото движење, кое се обидува да покаже поумерено лице од враќањето на власт.

Пред да се вратат Талибанците на власт, студентите од Авганистан можеа да посетуваат настава во мешани часови и да посетуваат предавања одржани од професори.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!