Вие имате прво да ја знаете вистината

Земен првиот примерок од Марс. Во НАСА слават: Успеавме! Конечно ќе бидат потврдени приказните дали има Марсовци!?

Една од главните задачи на роверот на НАСА Персивиренс е да бара докази за постоење живот на Марс во минатото. Некои од овие докази се скриени во карпите, а механичкиот истражувач сега го зеде првиот примерок.

Персивиренс штотуку започна да ја истражува околината на кратерот Езеро, каде слета пред неколку месеци. Научниците на Земјата идентификуваа камен со големина на голем куфер од кој роверот зеде примерок со специјална бушилица.

Роверот е опремен со бројни инструменти кои им помагаат на експертите на Земјата да забележат одредени карпи и делови од релјефот кои се од особено значење за мисијата.

Тие се обидоа да земат примероци уште на 11 август на друга карпа, но без успех.

Успеавме да го земеме првиот примерок и тоа е големо достигнување. Го правиме тоа порати што стигнавме на Марс, изјави Џенифер Троспер, проект менаџер во Џет пропалжон лаабораторијата на НАСА.

Ќе помине многу време пред примероците што ги собира Персевиренс да стигнат до Земјата. Ако се биде добро, роверот ќе пристигне на нашата планета со товарот во 2031 година.

НАСА го избра кратерското Езеро за слетување на Персевиренс, бидејќи од претходните истражувања, се верува дека таа област некогаш била под вода и на нејзино место се наоѓа древна речна делта.

Кратерското Езеро зборува за некогаш влажното минато на Марс. Пред повеќе од 3,5 милијарди години, текот на реката се излеа во кратер и создаде езеро.

Научниците утврдиле дека водата со себе во кратерот донела глина и минерали од околината во кратерот. Следствено, животот на микробиолошко ниво можел да се развие во Езерото, и пронаоѓањето на тие траги ќе биде главната задача на роверот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!