Вие имате прво да ја знаете вистината

Додека ти си ги ладеше…пивата некој гасеше пожари! Стојанче Ангелов и Александар Тортевски се направија лом на твитер

Кандидатот за градоначалник на Скопје, адвокатот Александар Тортевски и директорот на Центарот за управување со кризи ( ЦУК ) Стојанче Ангелов денес се направија растур систем на твитер. Најпрво Тортевски напиша дека не може да поверува што има изјавено Стојанче, за потоа да следува и одговорот на Стојанче.

Не можам да поверувам дека Сојанче изјавил дека очекува утринската роса да го изгаси пожарот на Галичица, напиша Тортевски на својот твитер налог.

Стојанче Ангелов на тоа одговори дека за тропањето лажни вести треба само неколку минути, но дека на тој начин не се станува градоначалник и дека Тортевски е на добар пат како кандидат за градоначалник на Скопје да освои само неколку стотини гласови.

За разлика од едни прекрасни, храбри и пожртвувани луѓе кои цело време го набљудуваа пожарот од непосредна близина, ти си ги ладел…пивата во море, напиша Ангелов.

Инаку целата “дебата” меѓу кандидатот за градноначалник на Скопје, Александар Тортевски и деректорот на ЦУК, Стојанче Ангелов можете да ја прочитате на следниот линк:

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!