Вие имате прво да ја знаете вистината

Најпознатиот германски вирусолог со шокантна (пре)порака: Вакцинираните “намерно” да се заразат со корона, за да имаат долгорочен имунитет

Германскиот вирусолог, Кристијан Дростен, порача дека е неопходно вакцинираните граѓани намерно да се инфицираат со коронавирусот, објави Б92.

Најистакнатиот германски вирусолог, Кристијан Дростен, кој на почетокот на пандемијата важеше како главен советник на германската канцеларка, Ангела Меркел, препорачува вакцинираните луѓе да се инфицираат со коронавирусот, за да бидат што подолго заштитени од ковид 19.

Тој објави на својот подкаст дека вакцинираните луѓе, кои намерно се инфицираат, можат да создадат високо ниво на антитела. Дростен, исто така, изрази сомневање дека само вакцинацијата е доволна за надминување на пандемијата, пренесе Танјуг.

На есен, дефинитивно ќе треба да ги ограничиме контактите, рече тој.

Врз основа на моменталната ситуација, посочува тој, вакцината штити од сериозни болести, но не и од инфекција.

За Дростен, пандемијата може да се победи само со вакцина и инфекција по имунизација. Во исто време, тој апелираше до вакцинираните да се придржуваат кон мерките, бидејќи само така можат да ги заштитат невакцинираните сограѓани.

Како здраво возрасно лице кое е вакцинирано двапати против вирусот, можам да преземам одговорност за ризикот. Сепак, ова не важи за другите групи од население, вели Дростен, зборувајќи за ризикот од инфекција, пренесува Вечерњи лист.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!