Вие имате прво да ја знаете вистината

“Скопје 2014” во светот на фараоните. Ново светско ремек дело, град без име за 6 милиони жители, од планираното да ви се заврте во главата (фото)

Египетскиот претседател Абдел Фатах Ал Сиси ја започна изградбата на новиот главен град пред пет години, а досега се завршени повеќе од 70 отсто од работата.

Првите изградени згради се црква и џамија, а според претходните најави, наскоро ќе бидат преместени сите министерства и седиштето на Владата за чии потреби се изградени нови згради.

Проектот според многумина е еден од најголемите урбани и градежни проекти на континентот и се смета за неопходен поради пренатрупаноста на блискиот Каиро (околу 45 километри оддалеченост).

Новиот град се уште нема кум, така што името на идната престолнина во моментов е непознато.

Сепак, она што е познато е дека градот ќе биде седиште на парламентот, министерства, амбасади, владини агенции, претседателски комплекс.

Ќе има околу 6,5 милиони жители.

Местото ќе биде поделено на 21 резиденцијални и 25 наменски окрузи.

Центарот ќе биде украсен со облакодери, од кои еден е дизајниран во форма на фараонски обелиск, со планирана висина од речиси 1.000 метри.

Покрај тоа, новиот главен град ќе вклучува околу 2.000 образовни институции, парк за технологија и иновации, повеќе од 600 болници, 1.250 џамии и цркви, стадион со 90.000 седишта, 40.000 хотелски соби, вештачки езера …

Покрај тоа, владата се обврза дека ќе обезбеди 15 квадратни метри зелена површина по глава на жител – планираната зона на зелена површина ќе биде двојно поголема од њујоршкиот Централ парк.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!