Вие имате прво да ја знаете вистината

На пет години му беше дијагностициран аутизам, порасна во џин од два метри и 180 килограми, а денес е најсилниот човек на светот (видео)

На Столтман му бил дијагностициран аутизам кога имал 5 години, а денес вели дека неговото детство било многу тешко.

Шкотланѓанецот Том Столтман е актуелниот најсилен човек на светот, бидејќи во јуни го победи четирикратниот шампион Брајан Шо и му ја одзеде титулата.

Столтман, кој е голем фан на Глазгов Ренџерс, ја освои титулата најсилен во светот во Америка, во Сакраменто.

Тој е првиот Шкотланѓанец кој стана најсилниот човек на светот, и првиот Британец по Еди Хол, кој последен пат го стори тоа во 2017 година.

Столтман е роден во градот Инвергордон, кој се наоѓа во центарот на источниот дел на Шкотска.

27-годишниот Столтман се бави со тренинг на сила речиси една деценија, откако започна да се занимава со овој спорт како тинејџер.

Неговото прво учество во конкуренција на најсилните беше пред 9 години, кога имаше 18 години, и го зазеде 5-то место.

Оттогаш, тој двапати беше најсилниот човек во Шкотска и го зазеде второто место во конкуренција за најсилен човек во Велика Британија, во 2020 година.

Истата година, го освои второто место на светското натпреварување, додека следната година, во 2021 година, во големото финале ја победи американската легенда Брајан Шо.

Столтман ја освои титулата во неизвесно натпреварување, со светски рекорд во кревање камени топки, каде што постави светски рекорд со 286 килограми.

Глазгов Ренџерс веднаш му ја честиташе победата на Том, твитнувајќи „честитки до најсилниот човек на светот од најуспешниот фудбалски клуб во светот“.

Столтман се натпреварува заедно со неговиот брат Лук Столтман, кој ја освои титулата за најсилен Шкотланѓанец 5 пати.

Тие двајца се познати и како најсилните браќа во светот, бидејќи станаа први браќа во историјата кои заедно влегоа во финалето на натпреварот за најсилен човек на светот во 2019 година.

Лук неодамна донесе одлука да престане да работи на нафтени бушотини, каде што работи од својата 18 -та година, со цел да се фокусира на тренингот.

Столтман е вистински херој на сите деца со аутизам и нивните родители, бидејќи тој самиот има дијагноза на нарушувања на спектарот на аутизам и честопати ја користи својата слава за да привлече внимание кон илјадници и илјадници деца кои растат со овој проблем.

На Столтман му бил дијагностициран аутизам кога имал 5 години, а денес вели дека неговото детство било многу тешко. Тој дури како тинејџер најде сила да зборува за својот проблем со пријателите.

Сакав повеќе да се слушне за тоа, само за луѓето да знаат дека не сум срамежлив, не сум чуден, само ја имам таа состојба што ја имам, и така живеам со таа состојба, рече Столтман минатата година. Понекогаш ми е тешко со оваа состојба, ми треба повеќе време од другите луѓе за да направам некои работи, а новите работи ме прават многу нервозен. Отсекогаш сум сакал да успеам во она што го работам, поради сите луѓе кои имаат дополнителни потреби. Многу зборував за тоа, и сакам сите да знаат дека ако некој има налепница на челото не значи дека е различен од сите други. Ние имаме само уште една дополнителна пречка што треба да ја прескокнеме, рече Столтман, зборувајќи за аутизмот.

Тој, исто така, рече дека ова нарушување, кое влијае на комуникацијата и однесувањето, му помага да успее како професионален спортист, па дури и го нарече негова „суперсила“.

Столтман е висок 204 см и тежок 174 килограми.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!