Вие имате прво да ја знаете вистината

Најдобар на сите времиња, а мора да работи трета смена: Новак Ѓоковиќ ги “чисти” противниците, па мие садови дома (видео)

Трета смена на Новак Ѓоковиќ. Така тој медитира по неговиот натпревар на УС Опен. Тој е мојот МВП во кујната, се пошегува Јелена Ѓоковиќ додека го снимаше својот сопруг.

Таа објави видео од нејзиниот сопруг, најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, додека ги мие садовите.

Нивниот разговор може да се слушне и на снимката:

Трета смена на Новак. Така Новак медитира по неговиот натпревар на УС Опен. Тој е мојот МВП во кујната, се пошегува Јелена додека го снимаше својот сопруг.

https://www.instagram.com/tv/CThkheCAns_/?utm_source=ig_embed&ig_rid=45bd79d9-009a-4bce-afd1-26aac543ae20

Работам прекувремено, работам трета смена за да заработам нешто. Прашањето е што правиш ти, шеговито ја праша тенисерот својата сопруга, на што таа одговори:

Снимам како и секоја добра жена!

Инаку, Новак Ѓоковиќ го продолжи својот пат кон историската 21. грен слем титула со победата над Џенсон Бруксби, во осминафиналето на УС Опен, а неговата сопруга, која неодамна пристигна во Њујорк, синоќа го придружуваше од трибините на Флешинг медоус.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!