Вие имате прво да ја знаете вистината

Одиме во банкрот, загрижувачка порака на најмоќната жена во Америка: САД на “апарати за дишење”!?

САД се финансиски исцрпени од мерките за стимулација за спречување на рецесијата предизвикана од пандемијата.

Според Фајненшл тајмс и Њујорк тајмс, шефицата на американското Министерство за финансии испратила многу драматично писмо до американските конгресмени.

Џенет Јелен во писмото наведува дека министерството ги исцрпило сите „итни мерки“ за финансирање на државата и дека САД би можеле да се најдат во ситуација кога во октомври веќе нема да можат да ги платат своите обврски.

Јелен наведува дека не може точно да процени кога Америка може да банкротира, но предупреди дека многу брзо се затвора прозорецот кога нема да може да се спречи економската катастрофа, пренесува Јутарњи лист.

Во еден момент кога нема да се достапни сите можни мерки и готовина, односно кога ќе бидат целосно исцрпени, САД нема да можат да ги исполнат своите обврски за прв пат во својата историја, напиша Јелен.

За да го одложи банкротот, Министерството за финансии на САД минатиот месец ги суспендираше инвестициите во пензискиот и инвалидскиот фонд за социјални услуги, пензискиот фонд Пост на Америка и пензискиот систем за федералните пензионери. Со други зборови, тие престанаа да инвестираат во идните пензии на вработените кои работат во државни компании.

Соединетите држави се финансиски исцрпени од финансиската помош која ја даваа за спречување на продлабочена рецесија предизвикана од пандемијата на коронавирус.

Јелен, исто така, изјави дека банкротот може да предизвика „непоправлива штета“ на американската економија и глобалните финансиски пазари, и наведе дека дури и приближувањето кон таа можност прави огромна штета.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!