Вие имате прво да ја знаете вистината

Тетово во очај, најмалку десет загинати, гореше ковид болницата во центарот на градот. Сите стравуваат дека може да биде полошо (видео, фото)

Најмалку десет лица загинаа во пожарот што ја зафати модуларната ковид болницата во центарот на Тетово.

Бројката ја потврди министерот за здравство, Венко Филипче на твитер.

Ова е многу тажен ден. Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата, напиша Филипче.

Тој ги повика медиумите да не шпекулираат за бројот на жртвите и додаде дека официјалните податоци ќе бидат објавени што е можно поскоро. За денес во десет жасот е закажана итна владина седница.

Телевизијата Алсат М јавува дека загинале најмалку 14 лица, додека непознат број повредени лица се испратени во Клиничкиот центар во Скопје и во болницата 8 Септември.

Во текот на вечерта во Тетово допатува македонскиот премиер, Зоран Заев, министерот за здравство, Венко Филипче, министерот на полицијата, Оливер Спасовски, вицепремиерот, Артан Груби, градоначаниците на Скопје и Тетово, Петре Шилегов и Теута Арифи, лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Според информациите во Тетово заседаваше и кризниот штаб.

https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10159950714437932

Според заменик -командирот на противпожарната бригада Тетово, Сашо Трајчевски, во 21.02 часот било пријавено дека гори модуларната болница во Медицински центар во Тетово.

Екипите пристигнаа на самото место за околу три или четири минути, а пожарот се гасеше со седум возила. Тоа беше внатрешен пожар, а не надворешен. Во 21:30 часот пожарот беше локализиран, а во 21:45 часот беше целосно изгаснат, рече тој.

Во гаснењето на пожарот учествуваа повеќе од 30 пожарникари со седум возила.

Ова беше тажен ден за Тетовчани и цела Македонија и тоа на денот кога државата го прославуваше националниот празник 8 септември и 30 години независност.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!