Вие имате прво да ја знаете вистината

“Kорпа” за фрау Меркел, полскиот претседатател не прифати ни “сиктер кафе” со германската “железна дама”

Полскиот претседател Анджеј Дуда нема да се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел за време на нејзината посета на Варшава во саботата, откри официјален претставник на неговата канцеларија.

Промената на распоредот дојде набргу откако рускиот Гаспром објави завршување на Северен тек 2, контроверзен гасовод што најмоќната руска компанија го изгради до Германија, а Полска се противи на тоа.

Германската влада на почетокот на овој месец објави дека Дуда и Меркел ќе се сретнат. Но, Павел Солоч, шеф на кабинетот на претседателот за национална безбедност, во петокот рече дека тоа нема да се случи поради некоординирани распореди и случајни околности, пренесува dpa.

Дуда ќе биде во Катовице за време на долго планираната посета на Меркел во Варшава, изјави Солоч за полското радио, додавајќи дека германската амбасада била свесна за распоредот на полскиот претседател.

Полска, заедно со другите земји од Источна Европа и Соединетите држави, се спротивставија на изградбата на Северен тек 2, нарекувајќи го геополитички проект на Москва, кој ќе ја поткопа енергетската безбедност на Европа.

Односите со Германија се добри, иако Северен тек 2 фрли сенка врз нив и ја ослабна довербата во билатералните односи, нагласи Солоч.

Полските медиуми пишуваат дека незадоволството од завршувањето на проектот одиграло улога во одлуката на Дуда да не се сретне со Меркел.

Германската канцеларка во заминување, чиј наследник ќе биде познат по парламентарните избори кон крајот на септември, и на кои таа не е кандидат, во сабота ќе се сретне со премиерот Матеуш Моравјецки во Полска.

Кремљ во петокот повика новиот гасовод да започне со работа што е можно поскоро.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека е во интерес на сите Германија да одобри што е можно поскоро почеток на испораката на гас.

Рускиот гигант Газпром објави дека изградбата на гасоводот Северен тек 2 е целосно завршена во петокот наутро.

Извршниот директор на Гаспром, Алексеј Милер, ја објави веста на утринскиот состанок, објави руската новинска агенција ТАСС.

Се очекува руската енергетска компанија да започне со испорака на гас за Германија преку новиот гасовод во октомври.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!