Вие имате прво да ја знаете вистината

Тајниот живот на Гадафи: Веруваше во црна магија, беше зависен од кокаин, имаше личен харем, јадеше лук и четири пати на ден користеше виагра

Веруваше во црна магија, беше зависен од кокаинот, јадеше бел лук и ги кршеше правилата на исламот, не се молеше пушеше и пиеше. Муамер Гадафи владееше со Либија 42 години, беше во брак два пати а имаше девет деца, осум синови и една ќерка Ајше. Убиен е за време на пучот во 2011 година.

Оваа е сторија за тајниот живот на поранешниот водач на Либија, Муамер Гадафи


Бев доста возбудена бидејќи требаше да се видам и запознаам со Муамер Гадафи. Срцето ми чукаше пребргу. Школата ме одбра мене да му предадам букет со цвеќиња а сето тоа се одвиваше доста брзо. Го предадов букетот од цвеќиња, му ја бакнав раката и се поклонив пред него, а тој ме помилува по главата, и раскажува на француската новинарка жртвата Сораја која што беше една од сексуалните затворенички на Гадафи.

Сораја подоцна дознава дека тоа милување по главата всушност значи дека таа е одбраната. За само неколку дена од настанот, дома на врата и затропале прочуените телохранителки амазонки, припадничи во службата на Гадафи. Сораја немала избор, амазонките ја зема со нив и ја однесоа во резинденцијата на Гадафи, каде што тој ја чекал гол во неговиот кревет.

Гадафи ја натерал да го гледа во очи и тогаш и кажал: Јас сум твојот татко и брат. Ти ќе бидеш мојата љубовница и ќе останеш со мене во кревет засекогаш. Во харемот имало и други сексуални затворенички кој го задоволувале незаситниот лидер. Наводно користел виагра и имал четири пати дневно секс со партнери и партнерки. Сораја го мразела, а како што кажува таа го мразела и неговиот здив кој што мирисал на бел лук, цигари и виски. Освен од сексот тој наводно бил голем зависник и на кокаинот.

Сораја кажува дека тој бил садист, ја тепал, се изживувал, ја навредувал и ја силувал кога таа имала само 15 години. Денес таа има 25 години и живее во Триполи. Својата приказнаа таа и ја раскажа на француската новинарка Аник Кожин, а приказната е дел од книгата Харемот на Гадафи. Новинарката тврди дека Гадафи ги заведувал жените на странските дипломати како би ги понижил нивните мажи.


Тој не се молеше, пушеше и премногу пиеше. Сораја кажува дека Гадафи ги кршел сите права на исламот. Никогаш не се молел, пушел и секогаш конзумирал алкохол. Тој верувал во црна маѓија. Негов човек од голема доверба била извесна Мабрука во која верувал и имала црна магија.


Гадафи наводно бил доста зависен од пластични операции, се наведува во документарец наменет за него од BBC. Пластичниот хирург, кој што исто така бил хирург и на поранешниот италјански премиер Силвио Берлускони, открива дека Гадафи често имал параноја за неговиот изглед. Ме повикуваа во среде ноќ да одам во неговиот бункер во Триполи за да му одстранам масно ткиво од неговиот стомак и да го вградам во неговото брчкасто и набрано лице. Таа операција и зафат е многу болна, но тој секогаш одбиваше анестезија бидејќи се плашеше за неговиот живот дека може да биде отруен, кажува хирургот Лијасја Рибеиро, специјалист за операција на гради. Хирургот тврди дека Гадафи бил доста љубезен човек. Гадафи го оперираше во тунелот под неговата резиденција во Триполи за која кажуваат дека изгледала како голема и доста добро опремена болница.


Гадафи бил пријател со западните лидери, најмногу поради нафтата која ја поседуваше, но често и примал мигранти кои се обидувале да најдат подобро утро во Европа. Тој од неговите политички пријатели на западот беше дочекуван како крал.


За време на посетите во странство сакал да се расфрла со неговите големи бедуински шатори, со својата женска гарда амазонки и украинските медицински сестри. Тој бил пријател со Силвио Берлускони, Стипе Месич, Тони Блер за кого Сораја тврди дека го има забележано во бункерот на Гадафи.

Поранешниот државен секретар на САД Кондолиза Рајс добил подарок медаљон со својот лик, а Борут Пахор додека беше премиер на Словенија две камили. Пахор за возврат му има поклонето скапоцен коњ. Додека на Барак Обама му има испратено писмо во кое го нарекол сине мој.


Често доцнел на состаноците во странство, а во една прилика шпанскиот министер за надворешни работи го има чекано десет часа! Бил познат и по долгите говори во кои се има случено преведувачот да стане и да замине бидејќи говорот траел час и половина. Гафади пред да замине од ОН се потпишал на клупата во главната сала и си заминал.


Либиските власти неодамна во пустината Желе на југот на земјата ископале 20 тони злато и 80 милиони евра за кои се верува дека припаѓале на Гадафи. Тој богаството наводно го има закопано откако избегал од Триполи. Се верува дека тоа не е се, поседувал 20 тони злато и 500 милиони долари за кои Гадафи ги повлекол од националната банка пред да биде ликвидиран. За време на погребот на Гадафи присуствувале само четири луѓе кои морале да се заколнат во Куранот дека никогаш нема да ја издадат локацијата на која е закопан тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!