Вие имате прво да ја знаете вистината

Како Аркан излезе од хрватскиот затвор. Исплива долго чуваната тајна. Ја раскажа еден Македонец (фото)

Ражнатовиќ беше уапсен во Двор на Уна, заедно со пет лица од српска националност, на Денот на Републиката во 1990 година

Жељко Ражнатовиќ Аркан беше ослободен од хрватскиот затвор веднаш кога започна војната, по директен договор помеѓу тогашните водачи на Србите и Хрватите, Слободан Милошевиќ и Фрањо Туѓман.

Ова го тврди долгогодишниот пријател и близок соработник на Ражнатовиќ, Томе Аврамски, кој наводно цело време комуницирал со Аркан со тајни пораки од затворот.

https://www.facebook.com/legendedevedesetih/posts/4337012126356643

Ражнатовиќ беше уапсен во Двор на Уна, заедно со пет лица од српска националност, на Денот на Републиката во 1990 година. Тој беше осуден на пет години затвор за наводно подготвување вооружен бунт, но беше ослободен по помалку од седум месеци.

Кога Жељко беше затворен цело време додека не беше во Белград, јас ги покривав неговите сметки. Додека тој беше во затвор, јас бев единствениот човек со кој комуницираше. Жељко никогаш не пушеше и не можам да разберам дека хрватските служби не го знаеле тоа. Јас ќе спакував писменце во кутијата од марлборо и ќе му ја дадев на неговиот адвокат да му ја однесе. Потоа, Жељко преку адвокатот мене ми испраќаше порака. Ми испрати вкупно четири и тоа што ми рече, јас го направив, рече Аврамски во една емисија и додаде дека Аркан бил уапсен откако бил фатен еден од нивните луѓе кој „го продал на Хрватска“.

Аврамски тврди дека врз ослободувањето на Аркан тогаш имаше влијание и тогашниот хрватски министер за полиција, Јосип Бољковац.

А како Жељко излезе од затвор? Кум му беше Јосип Бољковац, министер за полиција во Хрватска. Тој го има крстено Жељко. Ова ми го кажа генералот Јово Поповиќ, кој беше пријател со таткото на Жељко, полковникот Вељко Ражнатовиќ. Кога се роди Жељко во Брежице, бидејќи неговиот татко во моментот не беше таму, беше некаде на задача, генералот Јово Поповиќ ги зема Жељко и неговата мајка Славка од болница. Така што тој лично ми кажа дека Бољковац го крстил Жељко. Подоцна, самиот Жељко ми потврди дека тоа е вистина. Сега сами составете ја приказната за тоа како излегол од затвор кога неговиот кум бил министер на хрватската полиција, вели Аврамски.

Аркан испрати пораки и до навивачите на Црвена Звезда од затвор.

На последната порака од затворот што ја добив од Жељко, беше напишано дека ќе го ослободат и дека тоа е директен договор помеѓу Милошевиќ и Тушман. Жељко ми рече да им кажам на Шуца и на навивачите да не прават ништо на стадионот. Тој напиша дека се ќе биде добро и дека ќе го пуштат, рече Аврамски.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!