Вие имате прво да ја знаете вистината

Шест работи кои мора да ги знаете за 11 септември: Денот кога стравот влезе во домот на секој Американец. Што навистина се случи!?

Америка денеска одбележува 20 години од терористичкиот напад на Ал-Каеда на кулите близначки во Њујорк и управната зграда во Пентагон во кои животот го изгубија 3.000 луѓе, а бројот на повредени беше 25.000 илјади.

На 11 септември 2001 година 19 терористи приврзаници на терористичката група Ал-Каеда киднапираа четири авиони и извршија самоубиствени напади на територија на САД. Речиси 3.000 луѓе го загубија животот, а набразо следуваше одговор од страна на Америка со напад и инвазија на Авганистан која е неодамна завршена со повлекување на американските трупи.

Нападот на 11 септември е најголемиот терористички чин кој се случил во историјата на САД. Нападот имаше огромно влијание врз надворешната политиката на САД.

Вторник, 11-ти септември, 08:45 часот по локално време, ведро и сончево небо над Њујорк и еден боинг 767 на компанијата Америка аирленс со 75.000 литри гориво удара во северната кула на Светскиот трговски центар.

Ударот остави дупка и голем пламен во кулата близу 80-тиот спрат, а за кратко време по првиот удар следуваше уште еден удар од ист тип на јужната кула близначка, уште еден боинг 767 од истата компанија кој удара во 60-тиот спрат.

Додека милиони луѓе гледаа во живо или пред малите екрани што се случува, во веќе очигледниот терористички напад во Њујорк, третиот авион на Американ аирлајнс, на летот 77, кој кружеше над Вашингтон, по еден час, во 09:45 часот удара во западното крило на Пентагон.

Експлозијата која што следуваше успеа да го уништо големиот бетонски ѕид и да предизвика штета на зградата на Министерството за одбрана ма САД кое е стационирано таму.

Терористите го киднапираа и четвртиот авион, меѓутоа, бидејќи летот 93 на Јунајтед Флајт доцнеше со полетувањето, патниците дознаа за настаните во Њујорк и Вашингтон. Сфаќајќи дека и нивниот авион е киднапиран, некои од патниците и членовите на екипажот се обидоа да ја вратат контролата врз авионот.

Кога терористите сфатија дека нема да успеат во својата намера, го свртеа авионот и го соборија во нива во во близината на Шенксвил во западна Пелсинванија.

За помалку од 15 минути по нападот во Пентагон ситуацијата во Њујорк тотално ескалираше. Челичната конструкција на јужната кула на Светскиот трговски центар не успеа да ја издржи температурата и се сруши како кула од карти.

Истата судбина ја доживеа и северната кула, таа во 10 часот и 30 минути исто така се срамни со земја а под урнатините преживеја само шест луѓе.

Вкупно 2.996 луѓе го загубија својот живот во нападите на 11 септември вклучувајќи ги и 19-те терористи. Во ударот на двете кули и рушењето на истите, животот згасна за 2.763 луѓе, меѓу кои имаше 343 пожарникари и здраствени работници, а животот го загубија и 60 припадници на полицијата.

Во нападот во Пентагон починаа 189 луѓе вклучувајќи ги и патниците во летот 77, додека во падот на четвртиот авион загинаа 44 луѓе.

Непосредно по нападот сомневањето падна на терористичката група Ал-Каеда, но нејзиниот лидер на почетокот ја демантираше нивната инволвираност за подоцна да ја признае и прифати одговорноста за нападите. Причината која ја истакна нивниот лидер е наводната подршка од страна на САД за Израел, како и присуството на американски воени трупи во Саудиска Арабија и инволвираноста на САД во Ирак.

Американските власти од Авганистан бараа елиминација на терористичката група како и екстрадиција на нивниот лидер Осама Бин Ладен, но властите во Авганистан истото го одбија.

Тогашниот претседател на САД, Џорџ Буш почна војна против тероризмот – кампања која вклучува воена и дипломатска акција за уништување и ширење на тероризмот во целиот свет. Операцијата беше наречена Операција – Трајна слобода, а започна на 7 октомври со инвазија на Авганистан од страна на војската на САД.

За време на два месеци американските воени сили помогнати од нивните сојузници успеваат да ги срушат талибанците во Авганистан но нивната битка со Бин Ладен и Ал-Каеда не беше завршена.

Осама Бин Ладен успеа да биде во бегство се до 2 мај 2011 година, кога американските специјални сили успеаа да го пронајдат во неговиот бункер во Пакистан, каде што беше ликвидиран. Во јуни 2011 година тогашниот американски претседател Барак Обама најави повлекување на војската и воените трупи од Авганистан, кое се случи 10 години подоцна.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!