Вие имате прво да ја знаете вистината

Беа како Рингов и Панчев: Крај на односот на лидерите кои 16 години владееја во Европа: “Искрено можам да речам дека ме боли”

Заминувањето на Ангела Меркел од позицијата германски канцелар значи крај и на едно големо политичко пријателство во Европа, меѓу Ангела Меркел и Владимир Путин.

Тие двајца се беа на сосема различна страна во комунистичка Германија, таа млада Германка која сака да ја почуствува слободата додека тој стациониран во Германија како агент на руската служба КГБ, пренесува France24.

Од далеку се гледаше дека односот помеѓу овие големи лидери е посебен и различен од останатите. Понекогаш беше отворено антагонистички, а понекогаш зачинет со сарказам во нивните насмевки. Но, тие имаа и чести „војни“ околу своите политички ставови, како на пример војната во Сирија, прашањата за Крим и труењето на рускиот опозиционер, Алексеј Навални.


Како и да е, Меркел и Путин успеаа да го одржат односот на завидно ниво, и двајцата течно говорат германски и руски и разбирањето не им беше проблем во овие 16 години владеење на Меркел.

Путин, кој е единствениот лидер на G20 кој е се уште на сцената, од периодот кога Меркел стана германска канцеларка, на последниот самит на врвот во Русија и приреди „топло добредојде“ на канцеларката која веќе ги брои последните денови на власт.


Иако Путин противниците или обожавателите го опишуваат и како шармантен а некогаш и арогантен, тој секогаш успеваше да и приреди добро добредојде на Меркел и секогаш да ја задржи насмевката на нејзиното лице.

За време на првата посета на Русија како канцеларка на Германија, во 2006 година Меркел доби поклон од Путин, мало црно-бело плишано куче. Ако на некого тогаш не му беше јасна пораката, тоа веќе им се разјасни на нејзината наредна посета на Русија во летната резиденција во Сочи. За време на посетата, Путин и приреди изненадување на Меркел со тоа што во просторијата влезе црн лабрадор кој што се прошета до Меркел, сумнително почна да ја „душка“ а ситуацијата не беше многу пријатна.

Се надевам дека кучето нема да ве исплаши, рече тогаш Путин тргајќи го настрана лабрадорот Кони.

Канцеларката како мала имала инцидент и била касната од куче и од тогаш имала еден вид фобија кога и се приближува некое куче.


Мислам дека рускиот претседател беше добро запознаен дека не сум голем љубител на кучиња но успеав и покрај изненадувањето да гледам во него а не во кучето и да покажам дека не се плашам од истото, изјави тогаш Ангела Меркел.

И тоа беше нејзиниот рецепт кон Путин, ладна дистанца во момент на незгодна ситуација за неа, додека упорно сакаше да остане акцентот на темата за посетата. Така таа доби репутиција за жена која ниту Путин со истренирана мачо техника не може да ја заплаши.


Путин отворено и јавно ја изразуваше почита кон Меркел. И верувам доста, таа е отворена личност и додаде дека секогаш сака да ги реши проблемите за време на кризи.


Глобалните теми не беа единствените нешта на кои Меркел и Путин беа на спротивни страни. Кога Германија ја обвини Русија за хакерски напади врз државата, Меркел јавно се огласи дека не сака да ги прекине односите со Москва.

Искрено можам да кажам дека ме погодува и боли, секојдневно се обидувам да изградам подобри односи со Русија, а од друга страна има цврсти докази дека Русите стојат зад нападите, изјави таа по хакерските напади, но сепак и тогаш нагласи дека не сака да го прекине контактот со Путин: Нашите работи нема да се решаваат ако ги криеме работите под тепих и не водиме диалог за истите.


Северниот тек 2 е проект каде што најдобро се гледа искреноста помеѓу овие двајца лидери. За време на последната и проштална посета како канцеларка, во август во Русија, Путин и кажа на Меркел дека остануваат само уште 15 километри од гасоводниот тек кој што ќе го носи природниот гас од Балтичкото море во Русија па се до Германија, а кој што со години прави проблем во односите на Берлин со Вашингтон.


И покрај големиот притисок на Америка, Германија цврсто остана на ставот за подршка на Северниот тек 2, а во јули постигнаа спогодба со Вашингтон за истиот. Сојузниците се договорија дека ќе ја подржат Украина и ќе се спротистават на Русија, доколку користи енергија за да врши политички притисок и дека Украина останува главната транзитна точка.


За време на 16 годишната кариера како канцелар на Германија, Меркел имаше најмногу контакт и среби со Путин, многу повеќе од било кој друг западен лидер. Иако дијалогот беше тензичен во повеќе случаи, како што е Украина, војната во Сирија, иранската нуклеарна програма, хакерските напади, труењето на критичарот на Путин, тие успеаа да го одржат нивиот контакт на завидно ниво.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!