Вие имате прво да ја знаете вистината

Неочекувано, огромна разлика во продадени дресови на Меси и Роналдо. Тие се рудник со злато, од што се прават пари?

Протугалецот и Аргентинецот се во ценарот на вниманието во светот на фудбалот.

Нема сомневања дека ова лето го одбележаа двата најголеми трансфери, на Лео Меси во Парис Сен Жермен, по 21 година поминати во Барселона како и враќањето на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед по отсуство од 12 години.

Фановите низ целиот свет полудеа за новите дресови на двајцата најдобри фудбалери во светот, а според извештајот на Лав Сејлс, Португалецот ја однесе победата над Аргентинецот кога станува збор за продажбата на дресовите.

Најновото истражување открива дека легендарниот дрес со бројот 7 донесе 187,1 милиони фунти (приближно 219 милиони евра) откако неговиот број на дресот, со грбот на Манчестер Јунајтед беше официјално потврден на 2 септември, додека Меси, иако неговиот трансфер беше озваничен уште пред три недели заработи само 103,8 милиони фунти (приближно 121,5 милиони евра) за новиот дрес со број 30 во екипата од ПСЖ.

Дресот на Меси беше убедливо најпродаваниот дрес се додека новиот број не го озваничи Роналдо, откако му го отстапи Кавани.


Продавањето на дресовите покажува дека дресот на Роналдо е најбрзиот продаван дрес во историјата на Премиер Лигата, а интернет пребарувањето за Роналдо дрес 7 достигна и до 600 отсто повеќе во споредба со минатата сезона. Јунајтед се искачи на првото место кога е во прашање продажбата на дресови оваа сезона додека предходната беше на четвртото место.


Враќањето на Протугалецот во екипата на црвените ѓаволи помогна продажбата на дресови за Јунајтед да скокне за 62 отсто, а се очекува дека бројката ќе порасне по саботното деби за Роналдо на Олд Трафорд против екипата на Њукасл, во кои Јунајтед издвои убедлива победа од 4 : 1, а Роналдо беше стрелецот на првиот и вториот гол. Кристијано сега има најпродаван дрес во историјата на Премиер лигата.

Се очекува и бројката на продадени дресови со бројот на Меси да скокне на почетокот на Лигата на шампионите наредната недела.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!