Вие имате прво да ја знаете вистината

Човекот прослави 112 години, неговата приказна е како сценарио за филм, тој е најстариот жив ветеран од Втората светска војна

Брукс е роден 1909 година во Норвуд во Луизијана.


Најстариот жив ветеран од Втората светска војна во Соединетите Држави Лоренс Брукс го прослави својот 112-ти роденден во својот дом во Њу Орлеанс, а забавата за таа прослава му ја приреди Националниот музеј на Втората светска војна.

Музејот организираше роденденска забава, и покрај фактот што сите други забави во последните две години беа откажани поради пандемијата со коронавирус. Дел од забавата беше парада со теренски возила и настап на музичко трио.

Брукс е роден во 1909 година во Норвуд, Луизијана, а живее во Њу Орлеанс од 1929 година. Тој бил регрутиран во 1940 година и служел во 91-от инженерски баталјон, се додека не бил испратен во Нова Гвинеја и Филипините, каде што градел инфраструктура, мостови, патишта и аеродромски писти.

Во една прилика, тој раскажа што се случило кога бил во авион Ц-47, со кој беше доставувана бодликава жица, во моментот кога му откажал моторот. Жицата била исфрлена од авионот за да биде полесен. Тој им рекол на пилотот и копилотот, кои биле единствените што имале падобрани, дека ќе фати за еден од нив ако мора да скокнат од авионот.

Како што рече, тие сепак успеале да се спасат, а после тоа се смееле на она што им се случило, пренесува Associated Press.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!