Вие имате прво да ја знаете вистината

Пукна тиквата, почна дипломатска војна: Франција ги повлече амбасадорите од САД и Австралија. Ни забија нож во грбот

Франција ги отповика своите амбасадорите од САД и Австралија како одговор на новиот пакт на американскиот претседател, Џо Бајден со Австралија.

Министерството за надворешни работи објави дека „принудната одлука“ е оправдана со сериозноста на пактот.

Како дел од договорот познат како Аукус, Австралија ќе добие технологија за изградба на подморници со нуклеарен погон.

Договорот, објавен во средата, го суспендираше повеќе милијарди тешкиот договор што Франција го потпиша со Австралија.

Францускиот министер за надворешни работи претходно го опиша пактот како „нож во грбот“. Тој во изјавата рече дека ова е направено по барање на претседателот Емануел Макрон.

Напуштањето на проектот за подморници на кој Австралија и Франција работат од 2016 година и најавата за ново партнерство со САД претставуваат неприфатливо однесување меѓу сојузниците и партнерите, рече тој.

Ова е првпат по многу долго време Французите да се одлучат на таков потег, изјави француски функционер за Си -Ен -Ен.

Австралија во четвртокот соопшти дека ќе го отфрли договорот вреден 40 милијарди долари со француска компанија со која требаше да изгради флота од конвенционални подморници и наместо тоа ќе изгради најмалку осум нуклеарни подморници со американска и британска технологија по склучувањето на трилатералното партнерство за безбедност.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан ја опиша одлуката како нож во грбот.

Оваа еднострана и непредвидена одлука и таа наликува на постапките на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Вие ни забодевте нож во грбот, рече тој.

Напнатоста на австралиско-американско-француските односи дојде во време кога САД и нивните сојузници бараат дополнителна поддршка во Азија и Пацификот поради загриженоста за зголеменото влијание на се посилната Кина.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!