Вие имате прво да ја знаете вистината

Јагма за луѓе кои сакаат да се вакцинираат место богаташите: Зависник од Словенија се вакцинирал дури 23 пати против корона!?

Во Словенија има се повеќе луѓе кои, за пари, се вакцинираат наместо богати антиваксери, и тоа не еднаш, туку неколку пати.

Љубљанско Дело пишува за зависник од дрога од Љубљана кој примил дури 23 вакцини против короната.

Весникот пишува дека за ова главно одлучуваат луѓе со полоша материјална состојба. Имено, тие се вакцинираат против короната, наместо богати антиваксери кои се подготвени да направат се за да добијат потврда.

Новинарите на овој весник стапија во контакт со еден млад човек кој досега бил вакциниран четири пати. Тој тврди дека барањето за сурогат вакцинирани постои веќе од мај.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!