Вие имате прво да ја знаете вистината

Приказна која ќе ве допре, се стопи “мразот” на ладниот Германец: Тухел каков што не го познавате, детето е спасено

За Томас Тухел кажуваат дека е ладен и суетен, барем такво мислење владее во Германија, каде често го споредуваат со Јирген Клоп, но тој тоа не го сака и тоа му предизвикуваше проблеми во Дортмунд и во Мајнц.

Сепак играчите мислат поинаку, многумина сметаат дека е многу коректен, дека е спремен секого да го сослуша како и да помогне, но дека е точно дека секогаш е на дистанца и дека никогаш не се однесува како постар брат туку како тренер.

Тој имаше конфликт со Свен Мислинант и Мајкл Цорк во Дортмунд и Леонардо во Париз, затоа беше принуден да си замине. Но, позадините на овие приказни е дека тој секогаш го брани својот избор и дека секогаш стоел зад играчите и нивните ставови и ја преземал одговорноста на себе.

Приказната која протече од Париз овие денови, покажува дека Тухел е човек со големо срце иако тој не сакаше да ги коментира овие наводи.

Имено, по неговото пристигнување во Париз, тој ангажирал слугинка со потекло од Филипините и бил импресиониран од нејзината работна етика. Тој подоцна дознава дека таа работела прекувремено и на повеќе места, како би успеала да плати операцијата на срцето на своето дете кое го остава во нејзината родна земја. Сите пари таа ги испраќала на фамилијата во Филипините и Тухел оваа приказна многу го погодува.

Тој ја плати оперецијата на детето која поминува успешно, па така синот на споменатата Филипинка се чуствувал добро, а тоа го воодушевило Германецот. Тој се зближува со жената која ја вработил и често знаеле да разговараат за различни животни теми, а таа му раскажува за нејзината желба да се врати во татковината како и за сонот за сопствена куќа.

Тухел и купил имот со куќа без нејзино знаење, а тоа и го кажал пред неговото заминување од Париз, односно неговата смена, како поклон за разделба.

Дополнителен коментар не е потребен.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!