Вие имате прво да ја знаете вистината

Бунт во Реал Мадрид: Sвездите на тимот се незадоволни

Sвездите на Реал Мадрид се незадоволни од третманот што го имаат во клубот, пренесуваат шпанските медиуми.

Ел Ларгуеро и Калчомеркато пренесуваат дека тројцата фудбалери се незадоволни од статусот во тимот и дека се свртеле против тренерот Карло Анчелоти.

Тоа се Марсел, Иско и Марко Асенсио.

Споменатите тројца Анчелоти не ги гледа во своите планови и тие се незадоволни поради тоа, особено Асенсио.

Шпанецот имаше понуди во текот на летото, но тој не сакаше да го напушти Реал и ќе испадне дека погреши.

Марсело во моментов е трет лев бек на тимот зад Менди и Алаба, одигра само две минути, Асенсио одигра 68, додека Иско воопшто не доби шанса.

Сите тројца ќе се обидат да го напуштат Реал Мадрид во зимскиот преоден рок, пренесуваат Шпанците.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!