Вие имате прво да ја знаете вистината

Падна Антонов-26. Одеднаш го снема од радарот, нема вести за преживеани!? (видео)

Авионот Антонов-26 со шест лица, кој исчезна од радарот во рускиот регион Хабаровск, доживеа несреќа, а нема вести дали има преживеани!?

Според агенцијата Тасс, авионот припаѓа на компанија која врши технички прегледи на руските аеродроми.

Министерството за вонредни ситуации објави дека групите задолжени за потрага и спасување се упатиле кон местото каде што авионот исчезнал од радарот, пренесува Ројтерс.

Според министерството, авионот извршувал технички лет, а поради лошите временски услови, потрагата по овој авион била отежната. Претходно денеска, руските власти потврдија дека транспортниот авион Антонов Ан-26 исчезнал од радарите во Хабаровската област, на крајниот исток на Русија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!