Вие имате прво да ја знаете вистината

Папата се исповеда пред Језутите: Некои во Ватикан посакуваа(т) да ме видат мртов!

Папата Франциск се пошегува дека некои луѓе, откако тој во јули беше однесен на операција од дебелото црево, сакале да го видат мртов и дека некои црковни службеници веќе започнале да подготвуваат конклава за избор на негов наследник.

Папата ова го кажа ова за време на состанокот со членовите на католичкиот верски поредок,Језуити, на почетокот на септември во Словачка, а во вторникот го објави језуитскиот магазин La Sivilta Katolika.

Кога еден од Језуитите го праша како го служи здравјето, Папата одговорил: „Јас сум жив. Иако некои сакаа да ме видат мртов“.

Знам дека се одржани и состаноци на свештеници кои мислеа дека Папата е во посериозна состојба од тоа што беше кажано. Дозволете да се заблагодарам на Бога, добро сум, изјави папата.

Франциск е избран за поглавар на католичката црква во 2013 година, а на 4ти јули оваа година тој имаше операција на дебелото црево и помина во болница 11 дена.

Исто така тој на језуитите им кажа дека на операција го наговориле медицинските сестри и тоа му го спасило неговиот живот.

Папата се заблагодари на неименуваната медицинска сестра во интервјуто на почетокот на септември. Потоа, исто така тој ги негираше и невистините за негово повлекување, додавајќи дека води сосема нормален живот по операцијата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!