Вие имате прво да ја знаете вистината

Русија започна операција за испраќање човек на Месечината! Средствата за проектот се веќе обезбедени.

Роскосмос објави тендер за проучување на проблематичните прашања за огранизација на лет со човечки екипаж за посета на Месечината.

Русија започнува припреми за испракање човек на Месечината, средствата за овој проект се веќе обезбедени се наведува во соопштението кое го објави Роскосмос

Роскосмос објави тендер за проучување на проблематичните прашања за огранизација на летот со човечки екипаж за посета на Месечината, за да направи список со сите работи кои се потребни да се задоволи свемирската техника за организација на ваков тип мисија.

Вкупната вредност на договорот е 1,7 милијарди рубљи.

Во документот објавен од Роскосмос се наведува дека првиот лет кон Месечината ќе биде изведен со ракета Ангара и со користење на мал транспортен вселенски брод.

Договорот, исто така, предвидува развој на ново специјално одело за работа на месечината како и изработка на неговиот експериментален модел, средства за заштита на здравјето на астронаутите вклучително и нови комплети за прва помош, ровери за месечината-лунмобили и вселенски бродови за испорака на товар до месечина.

Предвидено е и изработка на супер тешки ракети, транспортни, свемирски летала и свемирски брод за слетување и полетување од месечината.

Првите резлутати би требало да бидат објавени до крајот на 2022 година а целиот програм би требало да биде подготвуван до средината на ноември 2025 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!