Вие имате прво да ја знаете вистината

И Путин има душа: Кога не ја води една од најголемите сили на светот, тој се одмара на ваков начин (видео)

Рускиот претседател Владимир Путин помина неколку дена на одмор во Сибир, каде што шеташе, планинареше и ловеше риба, објави Кремљ.

Кон средината на септември, Путин рече дека ќе мора да помине неколку дена во самоизолација, откако десетици луѓе околу него се заразија со ковид-19.

Тој, исто така, мораше да го откаже патувањето на безбедносниот самит во Таџикистан.

Кремљ објави 20 фотографии на кои Путин стои во река како лови риба, шета по ливади и разговара со министерот за одбрана Сергеј Шојгу, во чија придружба често е на одмор.

Шеесет и осумгодишниот Путин прими две дози од руската вакцина Спутник 5, а Кремљ објави дека се чувствува добро и здраво.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!