Вие имате прво да ја знаете вистината

Инструкции за сите идни градоначалници: Соработничка го “јава” градоначалникот на Бања Лука како да е “расен коњ” (видео)

На социјалните мрежи се шири видео, на кое се гледа како девојка во канцеларија седи на грбот на градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, додека тој ја учи како да јава коњ.

Како пишува на блогот на Слободан Васковиќ, станува збор за Олга Бабиќ, вработена во Градската управа на Бања Лука, пренесува порталот Индекс и додава дека е таа десна рака на градоначалникот Станивуковиќ.

Го исправаш грбот и ми ја земаш јаката, како да се уздите од коњ, вели Станивуковиќ, додека девојката што му седи на грбот вика ојха. Потоа тој и дава инструкции како да управува со коњот, со која нога, каде и како треба да удри, симулирајќи јавање. После тоа, девојката паѓа во прегратките на градоначалникот.

Каков коњ си ти, вели девојката и двајцата прснуваат да се смеат.

Медиумите во БиХ ја објавуваат веста за видеото, нарекувајќи ја скандалозна.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!