Вие имате прво да ја знаете вистината

Британците буквално се тепаат за гориво на бензинските пумпи: Снимена е брутална пресметка со нож во Лондон (видео)

Недостатокот на гориво во Обединетото Кралство предизвика невидена гужва на бензинските пумпи од каде доаѓаат сцени со долги редици нервозни возачи.

Чекањето од неколку часа за да се наполни резервоарот беше причина за голем број пријавени инциденти.

Посебно беше тензично во Велинг, југоисточен Лондон, каде што во редот за полонење гориво еден возач му се закани на друг возач со нож во раката.

Видеото објавено од Дејли Телеграф покажува како маж со избричена глава вика по лице кое било заклучено во автомобилот (се чини дека е Цитроен) додека држи нож во десната рака. Вториот кадар прикажува лице во Цитроенот кое се обидува да избега од агресивен манијак кој се фрла врз хаубата на автомобилот, а потоа се симнува од него и го удира левиот ретровизор на автомобилот.

Лондонската полиција соопшти дека добила пријава за инцидентот во понеделникот попладне, но дека „не пронашле ниту еден од возачите вклучени во судирот“.

Иако е ова крајно непријатна сцена, за очекување е дека ова нема да биде последен ваков случај. Имено, паничното купување гориво не стивнува, а се повеќе бензински пумпи низ Британија снемуваат гориво.

Дејли Телеграф исто известува дека во текот на викендот биле пријавени повеќе од 250 случаи во кои очајни возачи сипале погрешно гориво во резервоарот, поради што морале да повикаат помош на пат. Инаку, просечниот број на вакви случаи за време на еден викенд е околу 20.

Возачите мора да бидат внимателни бидејќи имаме забележано драматичен скок во случаи на полнење погрешно гориво. Бидејќи секој таков резервоар мора целосно да се испразни, има дополнително трошење гориво, објасни Едмунд Кинг, раководител на Помош на патиштата.

Колоните за гориво во вторникот се зголемија толку многу што реагираше и британската влада, повикувајќи ја армијата на помош. Повеќе од 150 војници ќе доставуваат гориво, а владата, која напорно се обидува да не шири паника меѓу граѓаните, тоа го нарече „разумен потег на претпазливост“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!